Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ОКТОМВРИ, 2018

Месечен хороскоп – ОКТОМВРИ, 2018

Две глави се помудри од една. Во текот на октомври, планетите и Сонцето ќе нè поттикнат да бараме силни сојузници во секое поле од животот. Самостојните бизнис авантури и проекти не се за претпочитање.

На љубовен план, романтичната Венера од 5 октомври до 16 ноември ќе се движи ретроградно. Ќе „воскреснуваат“ стари љубовни проблеми, ќе ни се враќаат поранешни партнери/љубови, ќе се нарушува хармонијата од расправии кои во други услови би завршиле брзо и тивко... Венера ќе нè исправи пред предизвици, но и ќе нè научи како да бидеме потрпеливи кога има „бура“.

Под влијание на Марс, ширењето на кругот на познаници и пријатели ќе ни стане омилена активност. Време е за нови контакти.

ВАГИТЕ и ШКОРПИИТЕ ќе бидат најнаградени овој месец од најновите космички движења на небесните тела.

Датум Случување
1 октомвриПлутон преминува во директно движење во јарец
5 октомвриВенера ќе премине во ретроградно движење во шкорпија
9 октомври☽ Настапува млада месечина во вага
10 октомвриМеркур влегува во шкорпија
23 октомвриСонцето влегува во шкорпија
24 октомври☽ Настапува полна месечина во бик
31 октомвриМеркур влегува во стрелец
31 октомвриВенера со ретроградно движење ќе влезе во вага

Табела: најважните датуми за месец октомври и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.