Ноември ни носи многу страст и позитивни љубовни вибрации.
Сонцето ја осветлува заводливата шкорпија, односно истиот сектор каде ќе патува и Марс. Овој тандем ќе резултира со многу „жешки“ интимни средби кои ќе ни ја раздвижуваат крвта.
Венера, планетата на љубовта и хармонијата, ќе се погрижи врските кои ќе ги оформуваме да бидат силни и долготрајни.
Полната месечина на 19 ноември доаѓа заедно со делумно затемнување на Месечината и носи промени во областа на парите и работата.
На 22 септември започнува сезоната на стрелците, која ќе внесе повеќе забава и дружење во нашите животи.
Во ноември, најсреќни ќе бидат ШКОРПИИТЕ и СТРЕЛЦИТЕ.
Датум | Случување |
4 ноември | ☽ Настапува млада месечина во шкорпија |
5 ноември | ♀ Венера влегува во јарец |
6 ноември | ☿ Меркур влегува во шкорпија |
19 ноември | ☽ Настапува полна месечина во бик |
22 ноември | ☉ Сонцето влегува во стрелец |
24 ноември | ☿ Меркур влегува во стрелец |
Табела: најважните датуми за месец ноември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: