Ноември ќе ни донесе проблеми во комуникацијата, но затоа пак убавите љубовни моменти ќе зачестат.
Ретроградното движење на Меркур во стрелец и шкорпија ќе ја наруши хармонијата во односите со блиските, партнерот или колегите. Затоа, препорачливо е добро да размислите за зборовите кои ги користите во периодот од 7 до 26 ноември.
Венера ќе ни помогне да ги зацврстиме врските преку чести интимни средби.
Уште една добра вест е што Нептун, планетата на мистиката, илузијата и конфузноста, ќе го прекине ретроградното движење во риби, па нашите мисли ќе се разбистрат. Можно е да откриете дека некој си го криел вистинското лице со маска.
Датум | Случување |
7 ноември | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во стрелец |
11 ноември | ♆ Нептун преминува во директно движење во риби |
13 ноември | ☽ Настапува млада месечина во шкорпија |
14 ноември | ☿ Меркур влегува во шкорпија (ретроградно) |
17 ноември | ♂ Марс влегува во јарец |
21 ноември | ☉ Сонцето влегува во стрелец |
22 ноември | ♀ Венера влегува во шкорпија |
26 ноември | ☿ Меркур преминува во директно движење во шкорпија |
28 ноември | ☽ Настапува полна месечина во близнаци |
Табела: најважните датуми за месец ноември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: