Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – МАЈ, 2024

Месечен хороскоп – МАЈ, 2024

Мај ќе ни донесе многу можности за правилни животни промени.

Марс ќе ни ја зголемува страста и нема да ни недостигаат моменти кои го растреперуваат телото во позитивна смисла.

Во првата половина на мај, Сонцето, Венера и Јупитер ќе се сретнат во бик, подарувајќи ни приземност, самодоверба и трпеливост. Со бистра глава ќе ги решаваме проблемите и ќе се насочиме кон практичност.

Нема да летаме во облаци кога станува збор за љубовта и ќе донесуваме одлуки за кои нема да жалиме во иднина.

Плутон на почетокот на месецот ќе започне да се движи ретроградно, па ќе нè поттикне повеќе да размислуваме пред да правиме големи животни чекори.

Откако триото Сонце-Венера-Јупитер ќе се пресели во близнаци, нè очекува возбудлив крај на месецот исполнет со друштвени средби за паметење.

Најсреќни овој месец ќе бидат БИКОВИТЕ и БЛИЗНАЦИТЕ.

Датум Случување
2 мајПлутон преминува во ретроградно движење во водолија
8 мај☽ Настапува млада месечина во бик
15 мајМеркур влегува во бик
20 мајСонцето влегува во близнаци
23 мај☽ Настапува полна месечина во стрелец
23 мајВенера влегува во близнаци
26 мајЈупитер влегува во близнаци

Табела: најважните датуми за месец мај и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20777 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.