Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – МАЈ, 2021

Месечен хороскоп – МАЈ, 2021

Мај е тука за да ја „раздрма“ стабилизирачката енергија која владееше во изминатиот период со стартот на сезоната на ретроградни движења и еклипси.

Повеќе небесни тела ќе патуваат низ близнаци, па ќе го засилиме дружењето и комуникацијата. Ќе се раководиме од девизата „колку повеќе, толку повесело“ и ќе бидеме најсреќни кога ќе сме опкружени со луѓе.

Под влијание на Венера, планетата на љубовта, лесно ќе „паѓаме“ на комплименти и ќе се заљубуваме преку длабоки разговори. Ако некој ви го освои срцето, веројатно ќе биде затоа што прво ве фасцинирал со начинот на размислување и изразување.

Јупитер ќе ни ја засили емпатијата, но и креативноста, а Сатурн, со своето ретроградно движење, ќе ни приреди средби со личности со кои не сме биле во контакт подолго време.

На 26 мај ќе има полна супермесечина, но и целосно затемнување на месечината, со што ќе кулминираат случувања од изминатите шест месеци. Долги флертувања ќе бидат крунисани со нови врски, но од друга страна, врски кои „виселе на конец“ може да стигнат до својот крај. На овој ден можни се нови вработувања, но и давање на откази поради незадоволство. Очекувајте пресврти (позитивни и негативни) и драма.

Најсреќни месецов ќе бидат БИКОВИТЕ и БЛИЗНАЦИТЕ.

Датум Случување
4 мајМеркур влегува во близнаци
9 мајВенера влегува во близнаци
11 мај☽ Настапува млада месечина во бик
14 мајЈупитер влегува во риби
20 мајСонцето влегува во близнаци
23 мајСатурн преминува во ретроградно движење во водолија
26 мај☽ Настапува полна месечина во стрелец (целосно затемнување на месечината)
30 мајМеркур преминува во ретроградно движење во близнаци

Табела: најважните датуми за месец мај и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.