Нè очекува мирно небо. По априлската динамика, планетите ќе ни дадат простор да воздивнеме и да уживаме без неочекувани збиднувања.
Меркур ќе го заврши ретроградното движење уште на самиот почекот на месецот, разведрувајќи ни ги разговорите и бришејќи ги недоразбирањата и расправиите.
Венера ќе нè потсети колку е важно да се грижиме за себе и дека прво мора да се сакаме себеси за да можеме вистински да сакаме и некој друг.
Најсреќни во мај ќе бидат БИКОВИТЕ, но и БЛИЗНАЦИТЕ ќе добијат незаборавна најава за радосниот и плоден период кој ги очекува.
Датум | Случување |
3 мај | ☿ Меркур преминува во директно движење во овен |
10 мај | ☽ Настапува полна месечина во шкорпија |
15 мај | ☿ Меркур влегува во бик |
20 мај | ☉ Сонцето влегува во близнаци |
25 мај | ☽ Настапува млада месечина во близнаци |
Табела: најважните датуми за месец мај и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: