Нѐ очекува мирен и релаксиран месец, без непосакувани нови ретроградни движења на планетите.
Романтичната Венера ќе нѐ потсети на важноста да се зачува сопственото „јас“ во врската, комуникативниот Меркур ќе ги зачести возбудливите друштвени средби во нашите животи, а Марс на почетокот ќе нѐ помачи со стари недоразбирања и нерасчистени сметки за во последните десет дена од месецот да ни ја врати страста на љубовен план.
Планетите ќе им бидат најнаклонети на биковите и близнаците.
Датум | Случување |
3 мај | ♀ Венера влегува во овен |
7 мај | ☿ Меркур влегува во близнаци |
14 мај | ☽ Настапува полна месечина во шкорпија |
20 мај | ♂ Марс преминува во директно движење во вага |
21 мај | ☉ Сонцето влегува во близнаци |
28 мај | ☽ Настапува млада месечина во близнаци |
29 мај | ♀ Венера влегува во бик |
29 мај | ☿ Меркур влегува во рак |
Табела: најважните датуми за месец мај и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: