Планетите ни гарантираат будење од зимскиот сон и позитивна динамика во текот на март.
Многуте планетарни случувања ќе значат промени, но во посакуван правец, па сите ќе го завршиме месецов со задоволство на лицата.
Емотивната состојба ќе ни стане многу важна, благодарение на небесните тела кои ќе транзитираат низ риби, па ќе работиме упорно на нашата среќа.
Венера ќе ни потенцира колку се важни пријателствата и дружењето, а Меркур со ретроградното движење од 5 до 28 март ќе нè подучи да бидеме повнимателни со изборот на зборови, со важните документи, лозинки и податоци, како и подобро да ги планираме патувањата.
Март ќе ги усреќи најмногу РИБИТЕ, но и ОВНИТЕ ќе добијат одлична најава за возбудливиот период кој ги очекува.
Датум | Случување |
1 март | ♀ Венера влегува во водолија |
5 март | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во риби |
6 март | ♅ Уран влегува во бик |
6 март | ☽ Настапува млада месечина во риби |
20 март | ☉ Сонцето влегува во овен |
21 март | ☽ Настапува полна месечина во вага |
26 март | ♀ Венера влегува во риби |
28 март | ☿ Меркур преминува во директно движење во риби |
31 март | ♂ Марс влегува во близнаци |
Табела: најважните датуми за месец март и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: