Динамичното раздвижување на небесните тела носи и многу случувања во текот на март. Јупитер, планетата на среќата и богатството, ќе го прекине ретроградното движење, а со тоа ќе го олесни привлекувањето на нови приходи.
Од друга страна, Сатурн ќе започне да се движи ретроградно и ќе нè научи дека не треба лесно да го спуштаме штитот и да ги пуштаме луѓето до нашето срце за подоцна да не се каеме. Ретроградното движење на Марс може да донесе жестоки расправии кои за среќа нема да оставаат трајни последици во односите.
Рибите најмногу ќе се радуваат на позитивното влијание на планетите, но кон крајот на месецов и овните ќе ја почувствуваат нивната наклонетост.
Датум | Случување |
1 март | ☽ Настапува млада месечина во риби |
1 март | ♂ Марс преминува во ретроградно движење во вага |
2 март | ♄ Сатурн преминува во ретроградно движење во шкорпија |
5 март | ♀ Венера влегува во водолија |
6 март | ♃ Јупитер преминува во директно движење во рак |
16 март | ☽ Настапува полна месечина во девица |
18 март | ☿ Меркур влегува во риби |
20 март | ☉ Сонцето влегува во овен |
30 март | ☽ Настапува млада месечина во овен |
Табела: најважните датуми за месец март и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: