Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – декември, 2015

Месечен хороскоп – декември, 2015

Очекувајте хармоничен крај на годината. Сонцето ќе патува низ стрелец до 22 декември, поттикнувајќи нè да гледаме на светот со отворен ум и отворено срце. Време е за експериментирање и адреналински авантури.

Романтичната Венера ќе се движи низ шкорпија, интензивирајќи ги нашите чувства и создавајќи идеални услови за зајакнување на љубовните сојузи. Ова е период и на ненадејни заљубувања.

Полната месечина на 25 декември ќе настапи во рак, акцентирајќи ја важноста на семејството на самиот старт на празничната сезона.

Многу добра вест овој месец е што Уран ќе го прекине ретроградното движење во овен, подготвувајќи нè за пријатни неочекувани случувања. Слободата и креативноста ќе ни станат многу важни.

Датум Случување
5 декемвриВенера влегува во шкорпија
10 декемвриМеркур влегува во јарец
11 декември☽ Настапува млада месечина во стрелец
22 декемвриСонцето влегува во јарец
25 декември☽ Настапува полна месечина во рак
26 декемвриУран преминува во директно движење во овен
30 декемвриВенера влегува во стрелец

Табела: најважните датуми за месец декември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.