Декември носи оптимистичко и забавно завршување на годината. Небесните случувања се знак за посакувани промени за претставниците на сите знаци во зодијакот.
Стрелците и јарците ќе се радуваат на незаборавни месец дена, полни со пријатни изненадувања.
Младата месечина на 3 декември ќе ни донесе добро расположение кое ќе нè потсети дека пред нас е најдолгиот празничен период.
Романтичната Венера ќе нè потсети на важноста да имаме покрај себе сериозен и посветен партнер. Но, во последните десет дена од годината, со своето ретроградно движење Венера може да ископа стари љубовни проблеми кои ќе предизвикаат мали недоразбирања. Исто така, нејзиното ретроградно движење може да нè натера да погледнеме наназад кон мината врска или кон поранешен љубовен партнер.
Датум | Случување |
3 декември | ☽ Настапува млада месечина во стрелец |
5 декември | ☿ Меркур влегува во стрелец |
7 декември | ♂ Марс влегува во вага |
17 декември | ☽ Настапува полна месечина во близнаци |
17 декември | ♅ Уран преминува во директно движење во овен |
21 декември | ☉ Сонцето влегува во јарец |
21 декември | ♀ Венера преминува во ретроградно движење во јарец |
24 декември | ☿ Меркур влегува во јарец |
Табела: најважните датуми за месец декември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: