Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2024

Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2024

Возбудата ќе ги исполни нашите животи овој април, терајќи нè да се фокусираме на нашите желби и потреби без да правиме компромиси кога е нашата среќа во прашање. Смело ќе се бориме за нештата кои сметаме дека ни припаѓаат и ќе ги добиваме.

Марс ќе нè направи вистински мечтатели и визионери. Честопати ќе сонуваме со отворени очи, но нема да се плашиме да го реализираме она што го визуелизираме. Најсмелите потези на професионален план ќе ги направиме во последните 10 дена од месецот и ќе постигнеме огромни успеси.

Убавата Венера нè охрабрува да се фокусираме на надворешниот изглед и да ги направиме посакуваните промени. Само напред, скратете си ја косата, пробајте нов стил на облекување или насочете се кон подраматична шминка.

Комуникативниот Меркур од 2 до 25 април ќе се движи ретроградно и ќе ни поставува пречки во комуникацијата. Честопати ќе се чувствуваме неразбрано или недоискажано. Можно е губење на важни документи, пробиени рокови или одложувања. Трпение, спасение!

Најсреќни во април ќе бидат ОВНИТЕ и БИКОВИТЕ.

Датум Случување
2 априлМеркур преминува во ретроградно движење во овен
5 априлВенера влегува во овен
8 април☽ Настапува млада месечина во овен
19 априлСонцето влегува во бик
24 април☽ Настапува полна месечина во шкорпија
25 априлМеркур преминува во директно движење во овен
29 априлВенера влегува во бик
30 априлМарс влегува во овен

Табела: најважните датуми за месец февруари и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11478 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.