Отвораме ново поглавје! Со Сонцето во овен, започнува нова астролошка година и имаме идеални услови за свежи почетоци. Смело газете на нови терени, нема да зажалите.
Младата месечина, која ќе настапи на 12 април, ќе ни донесе љубовни, деловни и семејни новости кои ќе ни се врежат во срцето. Многумина ќе влезат во врска со огромен потенцијал.
Во првата половина од месецот, Венера ќе нè направи поголеми авантуристи во љубовта. Импулсивноста ќе нè води до страста. Во втората половина на април, ќе бидеме поприземни и ќе ја преферираме стабилноста, па ќе бидеме попретпазливи на љубовно поле.
Марс ќе ни даде храброст послободно да се изразуваме, но не треба да забораваме дека зборовите знаат и да болат и да „рушат“ доверба. Особено треба да внимаваме што зборуваме околу 10-11 април, поради неповолната поставеност на Марс и Нептун. Не кажувајте што било пред да се наоружате со факти и солидни аргументи.
Најсреќни во април ќе бидат ОВНИТЕ и БИКОВИТЕ.
Датум | Случување |
4 април | ☿ Меркур влегува во овен |
12 април | ☽ Настапува млада месечина во овен |
14 април | ♀ Венера влегува во бик |
19 април | ☿ Меркур влегува во бик |
19 април | ☉ Сонцето влегува во бик |
23 април | ♂ Марс влегува во рак |
27 април | ☽ Настапува полна месечина во шкорпија |
27 април | ♇ Плутон преминува во ретроградно движење во јарец |
Табела: најважните датуми за месец април и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: