Април ќе ни донесе од сè по нешто. Планетите ќе го менуваат движењето, носејќи динамика во нашите животи.
Радувајте им се на првите 10 дена од месецот, кога ниту една планета нема да се движи ретроградно. Тоа ќе биде стабилен период, кога започнувањето на нови поглавја е препорачливо. Тргнете во акција!
Откако на 10 април Јупитер, планетата на среќата и богатството, ќе премине во ретроградно движење, најдобро е да го избегнувате ризикувањето, особено кога ризикот е поврзан со пари.
Љубовни моменти вредни за паметење се запишани во ѕвездите за 19 април, кога ќе настапи втората по ред полна месечина во вага.
Во последната недела од месецот, трансформативниот Плутон и строгиот Сатурн ќе преминат во ретроградно движење. Потребно е да забавиме со темпото на живеење за да преиспитаме дали сме на вистинскиот пат и ако си одговориме негативно, да направиме соодветни промени.
Живееме во сезоната на ОВНИТЕ, но во април и БИКОВИТЕ ќе добијат одлична најава за убавиот период кој им претстои.
Датум | Случување |
5 април | ☽ Настапува млада месечина во овен |
10 април | ♃ Јупитер преминува во ретроградно движење во стрелец |
17 април | ☿ Меркур влегува во овен |
19 април | ☽ Настапува полна месечина во вага |
20 април | ☉ Сонцето влегува во бик |
20 април | ♀ Венера влегува во овен |
24 април | ♇ Плутон преминува во ретроградно движење во јарец |
30 април | ♄ Сатурн преминува во ретроградно движење во јарец |
Табела: најважните датуми за месец април и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: