Април носи нова динамика во движењата на небесните тела. Иако нè очекуваат многу возбудливи случувања, пред нас ќе никнат предизвици, судири со минатото и значајни дилеми.
Дури ПЕТ планети (Јупитер, Венера, Сатурн, Меркур и Плутон) ќе се движат ретроградно, ставајќи ги на тест нашите романтични, пријателски и бизнис односи.
На крајот на месецот, поточно на 26 април, доаѓа првата „супермесечина“ за годинава, создавајќи фантастични услови за незаборавни почетоци и позитивни пресврти во животот.
ОВНИТЕ ќе „украдат“ најмногу бенефиции од новите космички промени, но и БИКОВИТЕ ќе почувствуваат дека започнува нивниот најубав период од годината.
Април дефинитивно ќе биде сè, но здодевен не.
Датум | Случување |
3 април | ♀ Венера со ретроградно движење влегува во риби |
6 април | ♄ Сатурн преминува во ретроградно движење во стрелец |
10 април | ☿ Меркур со ретроградно движење влегува во бик |
11 април | ☽ Настапува полна месечина во вага |
15 април | ♀ Венера преминува во директно движење во риби |
19 април | ☉ Сонцето влегува во бик |
20 април | ♇ Плутон преминува во ретроградно движење во јарец |
20 април | ☿ Меркур со ретроградно движење влегува во овен |
21 април | ♂ Марс влегува во близнаци |
26 април | ☽ Настапува млада месечина во бик |
28 април | ♀ Венера влегува во овен |
Табела: најважните датуми за месец април и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: