Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – април, 2013

Месечен хороскоп – април, 2013

Пролетното сонце ќе ни ја зголеми желбата за романтика и флерт. Венера, планетата на љубовта, убавината и женственоста, и Марс, планетата на страста и машкоста, ќе патуваат заедно прво во овен, а потоа во бик. Очекувајте хармонични односи со претставниците на спротивниот пол на љубовен, но и на професионален план.

Сонцето и малата армија од планети кои ќе го посетат овен ќе ни донесат зголемена самодоверба во првата половина од месецов.

Овните најмногу ќе ги почувствуваат позитивните вибрации на планетите, но и биковите ќе бидат опсипани со посакувани промени.

Делумното затемнување на месечината кое ќе се случи на 25 април ќе донесе силни емоции кои ќе резултираат со страсни ноќи, но и со покажување на знаци на љубомора или несигурност во врските.

Датум Случување
10 април☽ Настапува млада месечина во овен
12 априлПлутон преминува во ретроградно движење во јарец
14 априлМеркур влегува во овен
15 априлВенера влегува во бик
19 априлСонцето влегува во бик
20 априлМарс влегува во бик
25 април☽ Настапува полна месечина во шкорпија

Табела: најважните датуми за месец април и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19470 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.