Август ќе ни подари страст, копнеж за љубовни авантури и желба за што поорганизиран живот.
Младата месечина на 8 август ќе донесе раѓање на нови врски, свршувачки и бракови. Време е да славиме за љубовта!
Романтичната Венера во втората половина на месецот ќе фрли љубовна магија врз нас. Заборавете на статусот сингл и отворете го срцето за љубов. Веќе сте во врска? Венера знае како да ви ги направи поспецијални моментите насамо со саканиот.
Амбициозниот Марс цел месец ќе патува низ девица, активирајќи ни ја склоноста кон перфекционизам. Ќе се фокусираме на деталите и ќе го презираме хаосот, а тоа ќе ни помогне да избегнуваме стресни ситуации поттикнати од неред.
Најсреќни овој месец ќе бидат ЛАВОВИТЕ, но и ДЕВИЦИТЕ ќе го почувствуваат позитивното влијание од небесните тела.
Датум | Случување |
8 август | ☽ Настапува млада месечина во лав |
11 август | ☿ Меркур влегува во девица |
16 август | ♀ Венера влегува во вага |
20 август | ♅ Уран преминува во ретроградно движење во бик |
22 август | ☽ Настапува полна месечина во водолија |
22 август | ☉ Сонцето влегува во девица |
30 август | ☿ Меркур влегува во вага |
Табела: најважните датуми за месец август и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: