Возбудата е на максимум! Бројните небесни случувања ќе ни подарат месец за паметење.
Во август ќе имаме две млади месечини, а Јупитер и Меркур ќе го прекинат ретроградното движење, па може да воздивнеме со олеснување и да ѝ кажеме добредојде на забавата.
Во првите три недели од август, повеќе планети ќе транзитираат низ лав, давајќи ни моќ, храброст и огромна самодоверба. Ништо нема да ни биде недостижно. На љубовен план, страста ќе струи низ нашите вени. Ова е одличен период за раѓање на нови врски и испишување на љубовни поглавја од кои се растреперува телото.
Бидејќи Уран на 11 август ќе започне да се движи ретроградно, големи се шансите да подзаборавиме на планирањето на буџетот и да претеруваме со трошењето.
Спонтаноста и склоноста да експериментираме ќе стивнува во последните десет дена од месецот, кога планетите ќе се преселат во практичната девица. Ќе станеме поодговорни и подисциплинирани со обврските.
Август ќе биде најсреќен за ЛАВОВИТЕ, но и ДЕВИЦИТЕ ќе бидат значително наградени од планетите.
Датум | Случување |
1 август | ☽ Настапува млада месечина во лав |
1 август | ☿ Меркур преминува во директно движење во рак |
11 август | ♃ Јупитер преминува во директно движење во стрелец |
11 август | ♅ Уран преминува во ретроградно движење во бик |
11 август | ☿ Меркур преминува во лав |
15 август | ☽ Настапува полна месечина во водолија |
18 август | ♂ Марс преминува во девица |
21 август | ♀ Венера влегува во девица |
23 август | ☉ Сонцето влегува во девица |
29 август | ☿ Меркур преминува во девица |
30 август | ☽ Настапува млада месечина во девица |
Табела: најважните датуми за месец август и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: