Започнува сезона на ретроградни движења и еклипси. Март носи динамична астролошка сценографија, исполнета со огнена енергија, ретроградни пресврти и судбоносни промени.
Со ретроградното патување на Венера и Меркур, ова е време за љубовни преиспитувања, враќање на недовршени разговори и бивши љубовници и анализирање на стари емоции.
Полната месечина во девица на 14 март, заедно со тоталната лунарна еклипса, ќе осветли области во нашиот живот каде што е потребна јасност и трансформација. Сонцето ќе влезе во овен на 20 март, означувајќи ја астролошката нова година и носејќи свежа енергија што ќе нè поттикне да преземеме храбри чекори. Младата месечина и делумната соларна еклипса на 29 март ќе донесат моќни нови почетоци, но под сенката на ретроградниот Меркур, ќе биде важно да се движиме внимателно и да размислуваме пред да носиме конечни одлуки.
Со влегувањето на Нептун во овен на 30 март, започнува целосно нова ера на соништа, инспирација и визионерство.
Овој месец ќе биде бурен, но истовремено и можност за длабока лична трансформација. Подгответе се за неизбежните пресврти, но и за моментите што ќе ве поттикнат да го следите срцето како никогаш досега.
Најсреќни ќе бидат РИБИТЕ, но и ОВНИТЕ ќе бидат солидно наградени од небесните тела.
Датум | Случување |
2 март | ♀ Венера преминува во ретроградно движење во овен |
3 март | ☿ Меркур влегува во овен |
14 март | ☽ Настапува полна месечина во девица |
15 март | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во овен |
20 март | ☉ Сонцето влегува во овен |
27 март | ♀ Венера со ретроградно движење влегува во риби |
29 март | ☽ Настапува млада месечина во овен |
30 март | ☿ Меркур со ретроградно движење влегува во риби |
30 март | ♆ Нептун влегува во овен |
Табела: најважните датуми за месец февруари и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: