Викторија Лоба беше вистинска ѕвезда на вториот ден од најновото издание на Моден Викенд Скопје, кое се одржуваше изминатите три дена.
Пред да започнат модните ревии на втората вечер, публиката имаше можност да ужива во еден несекојдневен освежителен момент – фузија на креативност и став, инспирирана од живоста на новиот Schweppes Pink Grapefruit.
Во сценски перформанс осмислен како спој на храброст и убавина, уметникот Бојан Ковски ја донесе својата мајсторија во бодипејнтингот, претворајќи ја бојата, текстурата и динамиката на Schweppes Pink Grapefruit во моќен визуелен израз.
Креацијата, во која главната ѕвезда беше Лоба, ја долови шумливата енергија на брендот преку боја, движење и естетика.


Рекламната кампања на Лоба за Schweppes е во соработка со маркетинг агенцијата New Moment New Ideas од Скопје.





