Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Дали 19 или 39 не е важно, важно е дека сум среќна“: Елена Ристеска со забавно видео за роденденот

„Дали 19 или 39 не е важно, важно е дека сум среќна“: Елена Ристеска со забавно видео за роденденот

Елена Ристеска со забавно видео го одбележа својот 39-ти роденден.

Македонската пејачка го следеше забавниот тренд од социјалните мрежи и прво се пошегува дека има 19 години, а подоцна бројката на роденденската торта се промени во 39. За нејзината шминка во двете трансформации се погрижил Даниел Николовски, додека видеото е дело на Мики Трајковски-Манца.

Елена Ристеска

„ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ ЗА ЧЕСТИТКИТЕ!!! Јас сум најбогата личност на светот, затоа што ве имам вас најдобрите обожаватели на свет и ги имам најдобрите пријатели, љубов и фамилија на светот! Малку се нашаливме со годините кои ги полнам.“

„Дали 19 или 39 не е важно, важно е дека сум среќна и благодарна за сѐ што имам. П.С. ПОЛНАМ 39, но ПРАЗНО ми е срцето затоа што некои луѓе во мојот живот засекогаш ќе фалат“ – напиша таа.

Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска

Елена е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Уште од мали нозе покажувала интерес за музика, но најмногу се прослави со победата на музичкото-реалити шоу „M2 Play: Потрага по ѕвезди“. Нејзиниот деби сингл „Она Другото“ веднаш стана хит во Македонија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25180 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.