Џиџи Хадид зачекори во четвртата деценија од животот. Славната манекенка го прослави својот 30-ти роденден со мала забава со најблиските.
На прославата во ресторанот „Le Chalet“, згодниот модел пристигна заедно со саканиот Бредли Купер.
За оваа специјална пригода, Џиџи избра црни кожни панталони и припиен топ, додека 50-годишниот актер носеше спортска јакна со кожни ракави.








@enews Gigi Hadid marked a milestone birthday with Bradley Cooper. ️
♬ original sound - E! News
На прославата беа присутни и сестрата на Џиџи, Бела, нивната мајка Јоланда и нивниот татко Мухамед, кој беше придружуван од 41-годишната девојка Кени.





