Наталија Ореиро беше дел од ѕвездите кои присуствуваа на доделувањето на наградите „Premios Platino“ во Мадрид.
47-годишната актерка мамеше воздишки во гламурозно издание и доби лавина од комплименти за изгледот.
Ѕвездата од серијата „Дивиот ангел“ блескаше во црна креација со длабоко деколте од брендот Gorof, која ја надополни со црвен кармин и црвени нокти.








Аргентинската серија „Muñeca Brava“ или „Дивиот ангел“ беше вистински хит кај нас, а Наталија ја имаше главната улога.

