Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – септември, 2015

Месечен хороскоп – септември, 2015

Септември ќе биде динамичен месец, исполнет со возбуда и посакувани изненадувања.

Ни претстојат две еклипси. На 13 септември ќе има делумно затемнување на сонцето, додека на 28 септември ќе се набљудува целосно затемнување на месечината. Очекувајте незаборавни случки и носење на големи одлуки. Време е за промени.

На почетокот на месецов Венера, планетата на љубовта, убавината и хармонијата, ќе го прекине неколкунеделното ретроградно движење. Издишете со олеснување. Љубовта ќе процвета пред крајот на летото. Не е доцна за романтични авантури вредни за паметење.

Во втората половина од септември Меркур, планетата на комуникацијата, ќе се движи ретроградно. Можно е да дојде до одложување на планирани патувања или да дојде до губење на важни податоци или документи.

Лавовите и девиците најсилно ќе го почувствуваат позитивното влијание на планетите, но и вагите ќе добијат најава за убавиот период којшто следува за нив.

Датум Случување
6 септемвриВенера преминува во директно движење во лав
13 септември☽ Настапува млада месечина во девица
17 септемвриМеркур преминува во ретроградно движење во вага
18 септемвриСатурн влегува во стрелец
23 септемвриСонцето влегува во вага
25 септемвриМарс влегува во девица
25 септемвриПлутон преминува во директно движење во јарец
28 септември☽ Настапува полна месечина во овен

Табела: најважните датуми за месец септември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.