Пред нас е интензивен месец, во кој трпеливоста и контролирањето на емоциите ќе бидат клучен фактор за зачувување на пријатна атмосфера.
Сонцето ќе патува низ темпераментната шкорпија, давајќи ни на сите огнен дух со кој магнетски ќе привлекуваме. Сепак, тој внатрешен оган може лесно да премине и во негативна насока, па мора да внимаваме како се изразуваме за време на жестоки дискусии.
На љубовен план, во првата половина од месецов ќе бидеме побезгрижни и посклони да ризикуваме, додека во втората половина на ноември ќе сакаме да играме на сигурно и романтичното танго да го играме само со стабилна личност.
Добра вест е што на 20 ноември Нептун ќе го прекине ретроградното движење. Доколку во изминатиов период чувствувавте дека не можете да се потпрете на сопствената интуиција, сега тоа ќе се промени. Слушајте го вашиот внатрешен глас и нема да зажалите.
Во последните десет дена од месецов, Сонцето ќе патува низ стрелец, враќајќи ни го оптимизмот и ведриот дух.
Најсреќни овој месец ќе бидат ШКОРПИИТЕ, а и СТРЕЛЦИТЕ ќе се радуваат на силната наклонетост на небесните тела кон нив.
Датум | Случување |
9 ноември | ♂ Марс влегува во водолија |
12 ноември | ♀ Венера влегува во јарец |
12 ноември | ☿ Меркур влегува во стрелец |
14 ноември | ☽ Настапува полна месечина во бик |
20 ноември | ♆ Нептун преминува во директно движење во риби |
21 ноември | ☉ Сонцето влегува во стрелец |
29 ноември | ☽ Настапува млада месечина во стрелец |
Табела: најважните датуми за месец ноември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: