Небесните тела ветуваат дека април е месецот во кој со возбуда ќе го живееме секој миг. Динамичното раздвижување на планетите ќе ни покаже дека е тешко прецизно да се предвиди иднината, но тоа ни малку не значи да се откажеме од разработување на стратегии и тактики за остварување на нашите цели.
Сонцето ќе нè потсети колку е важно да бидеме независни, додека Венера, планетата на љубовта, ќе не поттикне да се бориме за нашите желби без компромиси. Не се задоволувајте со малку и ќе ви се отворат вратите кон повеќе.
Во втората половина на месецот, вкупно пет планети ќе се движат ретроградно, што не е честа појава. Ретроградните движења враќаат лица од минатото и стари проблеми, па наоружајте се со трпеливост и бидете подготвени за изненадувања.
Овните ќе почувствуваат на своја кожа најмногу позитивно влијание од планетите, но и биковите ќе добијат прекрасна најава за фантастичниот период кој им претстои.
Датум | Случување |
5 април | ♀ Венера влегува во овен |
6 април | ☿ Меркур влегува во бик |
7 април | ☽ Настапува млада месечина во овен |
17 април | ♂ Марс преминува во ретроградно движење во стрелец |
18 април | ♇ Плутон преминува во ретроградно движење во јарец |
19 април | ☉ Сонцето влегува во бик |
22 април | ☽ Настапува полна месечина во шкорпија |
28 април | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во бик |
30 април | ♀ Венера влегува во бик |
Табела: најважните датуми за месец април и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: