Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – декември, 2016

Месечен хороскоп – декември, 2016

Годината ќе ја завршиме со оптимизам, отворени срца и добри дела.

Во првите три недели од декември, Сонцето ќе патува низ стрелец, акцентирајќи ги позитивните мисли во нашите глави. Ова е одличен период за деловни патувања или патувања за задоволство, проширување на бизниси и експериментирање на љубовен план.

На 14 декември полната месечина ќе настапи во близнаци, а ќе бидеме сведоци и на појавата супермесечина. Тоа е одличен ден за поправање на пријателски/љубовни/деловни/семејни односи. Под светлината на месечината, ќе завладее хармонија.

Венера, планетата на љубовта, ќе патува низ водолија, правејќи нè екстра дружељубиви и дарежливи. Ќе уживаме во многу веселби, но многумина од нас нема да заборават да донираат парични средства или да волонтираат.

Со своето ретроградно движење, Меркур создава услови за недоразбирања и тензии. Од 19 декември, па до крајот на годината, неопходно е да бидеме потолерантни и да броиме до 10 пред да избувнуваме, сè со цел да избегнеме несакани конфликти. Скротете ја импулсивноста во втората половина од месецот.

Датум Случување
3 декемвриМеркур влегува во јарец
7 декемвриВенера влегува во водолија
14 декември☽ Настапува полна месечина во близнаци
19 декемвриМарс влегува во риби
19 декемвриМеркур преминува во ретроградно движење во јарец
21 декемвриСонцето влегува во јарец
29 декември☽ Настапува млада месечина во јарец
29 декемвриУран преминува во директно движење во овен

Табела: најважните датуми за месец декември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19470 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.