Џорџ Клуни ја побара за жена Амал Аламудин. 52-годишниот актер сè уште ја нема потврдено веста за свршувачката, но странските медиуми добиле потврда од повеќе блиски личности на парот.
Клуни и 36-годишната успешна адвокатка, која е експерт по меѓународно право, биле видени на вечера во Малибу додека прославувале за свршувачката со блиски пријатели, меѓу кои била и Синди Крафорд.
Клуни и Аламудин за првпат беа фотографирани заедно во Лондон во октомври минатата година. Неодамна тие беа на романтично патување во Танзанија и на Сејшелските Острови.
Свршувачката е изненадување за фановите на Клуни, бидејќи тој во текот на годините повеќепати даваше изјави кои испраќаа порака дека никогаш повеќе во животот нема да застане пред олтар. Очигледно Амал го промени неговото мислење за бракот.
Клуни зад себе има еден неуспешен брак. Тој стапи во брак со Талија Балсам во 1989 година, а се разведе во 1993 година.