Почетна » Новости » Актуелно » Почина „човекот со златна рака“, кој спаси 2,4 милиони бебиња донирајќи крвна плазма

Почина „човекот со златна рака“, кој спаси 2,4 милиони бебиња донирајќи крвна плазма

Џејмс Харисон го напушти овој свет.

Австралиецот познат како „човекот со златна рака“, затоа што поседуваше ретка крв со уникатни антитела, почина на 88-годишна возраст. Веста дека Харисон почина во сон на 17 февруари ја потврдија од австралискиот Црвен Крст.

Џејмс Харисон Џејмс Харисон

Додека беше жив, Џејмс имаше донирано крв 1.173 пати и им го спаси животот на повеќе од 2,4 милиони бебиња.

Крвната плазма на Харисон содржеше скапоцено антитело, познато како Анти-Д, кое беше искористено за да се развие инјекција која мајките ја примаат за да се заштитат неродените бебиња од хемолитичната болест, која може да биде фатална.

Џејмс Харисон Џејмс Харисон Џејмс Харисон

Кога бремена жена со Rh негативна крвна група носи бебе со Rh позитивна крв, нејзиното тело ги регистрира црвените крвни зрнца на бебето како закана (напаѓачки вирус или бактерија) и произведува антитела за да го уништи напаѓачот.

Џејмс одлучи да стане крводарител на 14-годишна возраст кога примил повеќе трансфузии по операција на белите дробови. Откако станал полнолетен, тој започнал да донира плазма на секои две недели сè до неговата 81 година, крајната возраст за донирање крв во Австралија.

Џејмс Харисон Џејмс Харисон Џејмс Харисон

Неговата ќерка, која и самата ја има примено инјекцијата Анти-Д, рекла:

„Бидејќи и јас сум примател на Анти-Д, тој остави зад себе семејство кое можеби немаше да постои без неговите скапоцени донации. Тој беше многу горд што спаси толку многу животи без никаков трошок или болка. Пресреќен беше кога слушаше за многуте фамилии како нашата, кои постоеја поради неговата љубезност“.

Во 1999 година, Џејмс прими орден од државата и беше прогласен за национален херој.

За време на последната донација, се запознал со многу бебиња кои биле спасени благодарение на неговата „златна крв“.

Џејмс Харисон Џејмс Харисон Џејмс Харисон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23414 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.