Селена Гомез со визуелно импресивен фустан стана една од најфотографираните ѕвезди на оскаровскиот црвен тепих.
На синоќешното доделување на наградите Оскар, младата актерка и пејачка се појави во стајлинг инспириран од безвременската елеганција на Софија Лорен.
Рачно изработениот фустан од Ралф Лорен е резултат на беспрекорна прецизност и мајсторство. Декориран е од 12 занаетчии кои рачно зашиле 16.000 стаклени капки кои создадоа илузија на капки дожд замрзнати во движење. Блескавата креација во нежна нијанса се прелеваше од сребрено-бела кон деликатно розова, а Селена ја надополни со дијамантски накит.





Гомез беше придружувана на настанот од нејзиниот вереник Бени Бланко, кој го заобиколи црвениот тепих.


Новиот филм на Селена, насловен „Emilia Pérez“, беше номиниран во 13 категории, меѓу кои и за Најдобар филм.