Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Првите свадбени фотографии на Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Првите свадбени фотографии на Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Џорџ Клуни и Амал Аламудин ја крунисаа својата љубов со брак во романтичната Венеција, а четиридневната прослава го привлече вниманието на светската јавност.

Првите фотографии од самата венчавка беа објавени од списанијата „People“ и „Hello!“, а младенците споделија и детали од големиот ден.

Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Невестинскиот фустан на 36-годишната успешна адвокатка и активистка е дело на Оскар де ла Рента. Венчаницата од француска чипка била декорирана со бисери и блескави камења кои имитирале дијаманти. „Тој е многу елегантен дизајнер и многу елегантен човек“ – рекла Амал за искусниот креатор.

Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Популарниот зет пак му го довери изгледот на својот долгогодишен пријател Џорџо Армани.

Парот се венча во саботата за време на 30-минутна церемонија на која присуствувале околу 100 гости. „Се запознавме во Италија. Имаме дом таму. Знаевме дека таму сакаме и да стапиме во брак“ – рекол Клуни.

Вчера попладне младенците склучија и граѓански брак. За свечената пригода Аламудин носеше бела креација од Стела Мекартни со елегантен шешир.

Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Погледнете и фотографии од свадбениот викенд на славниот пар.

Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.