Џорџ Клуни вчера и официјално ги остави зад себе ергенските денови. 53-годишниот актер се ожени за Амал Аламудин, а веста за свадбата беше потврдена од негов претставник за медиумите.
Парот го изговори судбоносното „Да“ за време на приватна церемонија во луксузен ресорт во Венеција, Италија.
Неколкудневната свадбена прослава беше одблиску следена од светските медиуми, но сè уште нема објавени фотографии од самата венчавка.
Денес Клуни и Аламудин беа фотографирани додека се упатуваа на свечен ручек со дел од своите гости. Младенците се смешкаа пред фоторепортерите кои не пропуштија да ги фотографираат и нивните бурми.
Ова е втор брак на Клуни, кој многупати изјавуваше дека нема намера повторно да се жени по разводот со Талија Балсам во 1993 година.