Внуката на Драган Спасов-Дац наполни две години.
Ќерката на неговиот син Јаков и снаата Софија го прослави роденденот со забава на тема „Каубои“. Целото семејство беше облечено складно со темата.
Дац и неговата сопруга Весна споделија фотографии од прославата.




Мајката на Гаиа, Софија, објави моменти од дувањето на роденденската торта и напиша:
Моја Гаиа, мој малечок Универзум,
Две години како светот има нова боја, боја што никогаш претходно не постоела – твојата. Две години откако во моите раце се смести сета љубов на овој свет и сите одговори на прашањата што никогаш не знаев дека ги имам.
Секој ден со тебе е нова магија, нова лекција, ново чудо што го живеам со широко отворени очи и срце.
Времето стана необјаснива игра – и застана и летна истовремено. Секој ден со тебе е цел живот во неколку часа, а две години се како вечност што штотуку почнала.
Мое дете од ѕвезди и соништа, мој бестрашен истражувач на светот, моја неуморна насмевка што не знае за граници. Сакам засекогаш да останеш толку своја – диво слободна, несопирливо љубопитна, полна со љубов што го прави светот подобро место.
Среќен роденден, единствена моја Гаиа. Засекогаш ќе те сакам повеќе отколку што може да собере еден живот.




















