Џорџ Клуни и Амал Аламудин за првпат зачекорија заедно на црвениот тепих. На хуманитарниот настан Celebrity Fight Night, 53-годишниот актер се појави заедно со 36-годишната свршеница со која наскоро ќе застане пред олтар.
На свеченоста одржана во Фиренца, Италија, парот носеше креации од Долче и Габана.



Бројните фанови не ја пропуштија шансата да ја поздрават холивудската ѕвезда и да побараат автограм.



Хуманитарната вечера беше организирана од Фондацијата Андреа Бочели и Центарот за Паркинсонова болест на Мохамед Али.


Џорџ Клуни ја прими Наградата за хуманост Андреа Бочели од самиот оперски пејач, а за време на краткиот говор откри дека наскоро ќе прави свадба во Венеција.


Клуни и Аламудин се верија во април годинава по неколкумесечна врска.