Започна неколкудневната прослава по повод свадбата на Џорџ Клуни и Амал Аламудин. Среќниот пар не ја криеше среќата за време на прошетките низ Венеција заедно со најблиските гости.
53-годишниот актер и 36-годишната адвокатка беа фотографирани на неколку локации пред големата прослава.
Најблиските пријатели на Клуни, Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер, беа меѓу првите гости кои допатуваа во шармантниот италијански град.
Сончевиот петочен ден парот го искористи за прошетка низ градот.
Вечерта Клуни со своите гости од посилниот пол го славеше збогувањето со ергенскиот живот во омилениот ресторан, додека Аламудин славеше со гостинките, меѓу кои и нејзините сестра и мајка.
Мет Дејмон, Боно и Ана Винтур се дел од славните лица кои ќе бидат сведоци на стапувањето во брак на заљубениот пар.
Џорџ и Амал се верија во април годинава по неколкумесечна врска.