Ирина Шајк беше магнет за погледи на карневалот во Рио де Жанеиро.
39-годишната манекенка изгледаше како вистинска кралица на карневалот истакнувајќи го своето совршено извајано тело во атрактивен син костим.
Атрактивната Русинка пленеше со својата убавина и харизма додека се забавуваше на парадата со луѓе од целиот свет.















Ирина позираше како од мајка родена за да го најави своето гостување на карневалот. „Чест ми е што ќе бидам дел од парадата вечерва. Нервозна сум и возбудена. Бразил, те сакам. Благодарам за топлото добредојде. Колку прекрасна прилика е да се биде тука, славејќи ги животот и љубовта“ – напиша Ирина.
