Поминаа повеќе од две децении откако Адриен Броди страсно ја бакна во уста Хали Бери на сцената на Оскар 2003.
Моментот, кој многумина го паметат до ден-денес, се случи кога Броди беше прогласен за победник во категоријата Најдобар актер за „The Pianist“. Хали беше на сцената за да му ја додели статуетката, а тој ја повлече кон себе и неочекувано ја бакна.



Сега, 58-годишната актерка одлучи да се „одмазди“ и го бакна 51-годишниот актер во уста пред неговата девојка Џорџина Чапман.
Во видеото кое таа го објави на социјалните мрежи, двајцата актери се среќаваат на црвениот тепих пред манифестацијата. Хали ѝ се извинува на Џорџина и го бакнува Адриен.
„Изненадување! Морав да се реванширам“ – напиша таа.






@halleberry Surpriseee!! I had to get some payback
♬ original sound - Halle Berry
„Умирав да му се реванширам цели 22 години. Имав шанса да го направам тоа на неговата голема вечер“ – рече таа во интервју за ET.
A reunion 22 years in the making. #Oscars pic.twitter.com/MkaF2xb6SE
— The Academy (@TheAcademy) March 2, 2025
По бакнежот во 2003 година, Адриен се соочи со многу критики за постапката која беше непланирана и за која Хали не знаеше ништо. Во интервју, минатиот месец, тој рекол:
„Ништо што правам или што имам направено не е направено со намера да повредам некого“.
Броди доби Оскар за Најдобар актер за улогата во „The Brutalist“. Адриен и Џорџина се во врска од 2020 година.


