Селма Блер имаше крзнен придружник на постоскаровската забава на Vanity Fair.
52-годишната актерка, која страда од мултипла склероза, изгледаше одлично во креација од Моник Лулие и обувки на високи потпетици. Ѕвездата од „Cruel Intentions“ со себе го носеше своето службено куче Скаут, без воопшто да претпостави дека тоа ќе го украде целото внимание таму. Слаткиот Скаут позираше со неа за фоторепортерите пред заедно да се упатат на забавата.






На фотографиите од вечерта, Скаут се дружеше и галеше со многу од славните личности кои искрено му се радуваа. Тој привлече големо внимание кај возбудените гости како Криси Тиген, Патриша Кларксон, Лаверн Кокс, Зак Позен и многу други.











„Кучешка љубов. Најдобриот придружник. Веќе му недостигаат сите нови пријатели“ - напиша таа.

Селма откри дека има мултипла склероза (МС) во октомври 2018 година. Таа сподели дека долги години ги игнорирала симптомите за оваа неизлечлива болест.
Мултипла склероза (МС) е хронична болест која настанува кога имуниот систем абнормално ја напаѓа обвивката и поддршката околу нервните клетки (миелинска обвивка) во мозокот, `рбетниот мозок и оптичките нерви, предизвикувајќи воспаление и последователно оштетување. Ова оштетување може да предизвика низа симптоми, вклучувајќи мускулна слабост, замор и проблеми со видот, а може со тек на време да води до инвалидитет.
