Џорџ Клуни ја покани својата сопруга Амал да го придружува на свечената манифестација „Златен глобус“. Брачниот пар пленеше со класична елеганција на црвениот тепих во Беверли Хилс.
Совршено координираниот стил на славниот пар привлече многу позитивни коментари.
Џорџ за значајната вечер повторно го облече костумот од Џорџо Армани кој го носеше на својата свадба пред неколку месеци. Амал шармираше во црна креација од високата мода на Диор, надополнета со скапоцен накит од Хари Винстон. Најозборуван елемент од нејзиниот стајлинг се белите ракавици.
Како што и беше најавено, Џорџ ја прими престижната награда Сесил Б. ДеМил, за својата работа пред и зад камерите.
Клуни не беше поштеден од хуморот на шеговитите водителки Тина Феј и Ејми Полер: