Џулија Робертс освои специјално признание за тридецениската работа во филмската индустрија.
На 50-тото издание на „César Film Awards“ во Париз, 57-годишната актерка доби престижна награда, која им се доделува на актери со исклучителен придонес во светскиот филм и е највисоко признание во француската кинематографија.
За оваа пригода, Робертс избра елегантен црн комбинезон со еден ракав од Phoebe Philo и накит од Chopard.










На свеченоста, холивудската ѕвезда беше поздравена со овации. Наградата нејзе ѝ ја врачи колегата Клајв Овен.










Претходно, на Џулија ѝ беше доделен орденот „Chevalier de l’ordre des Arts et des Lettres“ од страна на министерката за култура на Франција. На овој настан, таа носеше сив костум од Stella McCartney и обувки од Roger Vivier.


