Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Дијамантскиот прстен со кој Џорџ Клуни ја побара за жена Амал Аламудин

ФОТО: Дијамантскиот прстен со кој Џорџ Клуни ја побара за жена Амал Аламудин

Џорџ Клуни неретко беше нарекуван „вечниот ерген“, поради неговиот став никогаш повеќе да не застане пред олтар по првиот неуспешен брак. Но, Амал Аламудин очигледно го промени неговото мислење за бракот и стана негова свршеница.

Изминатиов викенд беше обелоденета веста за свршувачката, а списанието „People“ стигна и до првите фотографии од дијамантскиот прстен со кој Клуни ѝ предложи брак на британската адвокатка.

Парот бил фотографиран за време на вечера по повод роденденот на блискиот пријател на Клуни, Ренди Гербер, кој е сопруг на Синди Крафорд.

За време на вечерата во Санта Барбара, Амал го носела впечатливиот свршенички прстен. Станува збор за 7-каратен дијамантски прстен, кој бил дизајниран според инструкциите на 52-годишниот актер.

Амал и Џорџ Амал и Џорџ

Според информациите до кои стигна списанието, Клуни ја побарал за жена Амал на традиционален начин, односно клекнат на едно колено. Исто така, списанието објави и дека неодамна Клуни бил во Дубаи, каде се запознал со семејството на Аламудин.

Клуни и Аламудин за првпат беа фотографирани заедно во Лондон во октомври минатата година, а потоа беа „уловени“ на романтично патување во Танзанија и Сејшелските Острови.

Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18979 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.