Игор Џамбазов повторно ја наежи публиката на Златна бубамара на популарноста.
Македонскиот актер и шоумен на сцената имаше моќна изведба на „Тешкото“ во придружба на Универзитетскиот ансамбл „Македонија“. Зборовите од песната на Блаже Конески секогаш допираат до срцата на сите Македонци, но во комбинација со моќниот глас на Игор, резултатот е неверојатен.

Во видеото објавено на YouTube каналот на манифестацијата, Игор ги рецитира зборовите од песната, а е придружуван од играорци и свирачи. На крајот заслужено добива громогласен аплауз.


