Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Девојката на Џорџ Клуни во скандал со проституција и дрога

Девојката на Џорџ Клуни во скандал со проституција и дрога

„Daily Telegraph“ и многу италијански медиуми ја поставија Елизабета Каналис во центарот на голем скандал поврзан со високо платени проститутки, бизнисмени, славни јавни личности и дрога.

Елизабета Каналис и Џорџ КлуниЕлизабета Каналис вмешана во скандал со проституција и дрога

Италијанката Каналис е обвинета дека земала кокаин во ноќен клуб во Милано, којшто сега е под истрага за вмешаност во проституција. Ноќниот клуб го посетувале богати бизнисмени и славни личности кои земале дрога и уживале во услугите на ескорт девојки од висока класа.

Една од тие девојки сведочела пред судот во Милано дека млади модели и старлети, меѓу кои и Каналис, се дрогирале во ноќниот клуб.

„Земав кокаин со други девојки, меѓу кои беше и Елизабета Каналис“ – изјавила Французинката Карима Менад.

Обвиненијата датираат од 2008г., една година пред Каналис да започне врска со Џорџ Клуни.

Главниот обвинител Франк Ди Мајо изјавил дека на девојките им било плаќано со пари и дрога за да ги поттикнуваат клиентите да пијат скап алкохол.

„Зборуваме за девојки од различни националности, кои работеле како личности за односи со јавноста. Девојките им се придружувале на клиентите на приватни маси, поттикнувајќи ги да пијат алкохол со цел да ја зголемуваат сметката и нудејќи им сексуални услуги на локации подалеку од клубот“ – изјавил Ди Мајо.

Двата клуба кои се под истрага, „The Club“ и „Hollywood“, се затворени, а во понеделниот биле уапсени и 5 луѓе за кои се верува дека се вмешани во овој скандал.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.