Алиса Лу е новата светска шампионка во уметничко лизгање.
19-годишната девојка се врати на мразот по 3-годишна пауза и испиша историја. Таа стана првата лизгачка од САД која ја има освоено оваа титула во изминатите 19 години.



Најголем фан во публиката ѝ беше нејзиниот татко Артур, кој сам израснал пет деца додека ги поддржувал олимписките соништата на Алиса. Неуморниот родител работел со полно работно време додека ја тренирал и школувал од дома новата шампионка.
Артур ги има добиено сите свои деца со помош на сурогат-мајка и со донирани јајце-клетки. Алиса е неговото прво дете. Уште во 2019 година, таа испиша историја како најмлада шампионка на САД. Тогаш имаше само 13 години.

Во 2022 година, Алиса учествуваше на Олимписките игри во Пекинг, а истата година освои медал на СП во уметничко лизгање. Таа го шокираше светот кога на
Сега, Артур гордо гледаше како Алиса ги освојува највисоките врвови откако одлучи да се врати на мразот и да го прави она што го сака.
„Некое време не тренирав. Никогаш не очекував дека толку добро ќе се претставам. Навистина се гордеам со себеси и со мојот тим. Искуството беше неверојатно. Беше лудо да се вратам и да освојам медал“ – рекла таа.








Погледнете го нејзиниот настап: