Џорџ Клуни се здружи со Omaze за хуманитарна кампања за неговата фондација, која се бори против оние кои ги прекршуваат човековите права низ светот.
Славниот актер сними хумористично видео преку кое ги кани фановите да учествуваат во „лотарија“. Победникот не само што ќе добие бесплатно патување до Италија и сместување во хотел со 4 ѕвезди, туку и ќе им биде гостин на Џорџ и Амал во нивниот дом на Езерото Комо.
Во видеото Клуни е прикажан како најлош цимер и најголем обожавател на Бред Пит. Тој за време на пандемијата е „заглавен“ во домот на непознат маж кому воопшто не му е забавна дружбата со холивудската ѕвезда.