Почетна » Новости » Актуелно » Нова жртва на пожарот во „Пулс“: Почина уште едно лице кое се лекуваше во Литванијa

Нова жртва на пожарот во „Пулс“: Почина уште едно лице кое се лекуваше во Литванијa

Бројот на жртви во ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ се искачи на 61.

Почина уште еден пациент кој се лекуваше во Литванија и имаше тешки изгореници по телото. Станува збор за 29-годишниот Александар Гавриловски.

„Жална вест. Со огромно жалење сакам да ги информирам сите граѓани на Македонија дека денес во 11 часот почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Станува збор за Александар Гавриловски, роден на 7 март 1996 година, значи 29-годишен, којшто беше во критична состојба од почетокот. Беше упатен од Општа градска болница во Литванија на 17 март. Неговата состојба беше тешка од почеток, меѓутоа од 4 април се влошува уште повеќе, а од вчера пациентот беше ставен на хемодијализа. Ова ни е втор пациент кој почина, од 193 кои ги третиравме во државата и надвор од државата. Јас сакам да изразам сочувство до семејството на Александар Гавриловски. Имаме уште двајца критични пациенти, вкупно пациенти кои се лекуваат надвор од државата се 66. Во Македонија се лекуваат вкупно 10 пациенти“ - изјавил министерот за здравство Арбен Таравари.

„Покојниот Александар имаше повреди од 35% изгореници од трет степен со изгореници исто така во дишните патишта. Еден од потешките пациенти“ - дополни Таравари.

Трагедија

Изминатиот петок беше соопштена веста дека почина управителот на „Пулс“ Александар Карадакоски, кој исто така се лекуваше во Литванија. Неговото тело вчера беше донесено во Македонија, а утре ќе биде погребан во Кочани.

Трагедија

Изразуваме сочувство до најблиските.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.