Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Едина Муса за итниот царски рез: „Плодовата вода беше заматена, имаше фекалии“

Едина Муса за итниот царски рез: „Плодовата вода беше заматена, имаше фекалии“

Едина Муса откри дека се породи со царски рез.

Поранешната македонска кошаркарка на Instagram Story објави пост во кој го сподели начинот на породувањето, а откако доби многу прашања зошто избрала царски рез, одлучи да одговори и да појасни дека тоа не бил нејзин избор.

Сопругата на Александар Димитровски-Мачка откри дека станувало збор за итен царски рез, бидејќи плодовата вода била замаматена поради фекалии од бебето.

Едина Муса

Прочитајте ја нејзината изјава:

Ме прашавте многу зошто со царски рез. Тоа не беше по моја желба, тоа беше итен царски рез, затоа што плодовата вода беше заматена. Имаше фекалии, затоа била заматена. Односно првото гомце што Максим требало да го искака надвор, откако ќе се роди, него му се брзало и се искакал во стомакот на мама. Во таа плодова вода бебето не смее да седи долго и затоа мораше со итен царски рез да се породам, немаше време да се чека природно, ниту пак да се пробува со провокации да се забрза процесот. Затоа мораше царски и искрено не знам како некои мајки се одлучуваат така по своја волја да се породат царски, затоа што за мене тоа беше една од најголемите болки во животот, физичка болка што сум ја осетила, после пораѓај. И плус целиот тој процес на закрепнување е далеку поболен и подолг од оние кои се породиле природно.

Исто, ме прашувате дали вежбањето била причината за тоа што јас не сум можела да се отворам доволно за да се породам природно. Тоа во мојот случај не беше така, меѓутоа зборувам со девојки кои исто така имаат родено со царски рез, кои никогаш не вежбале, кои имаат широки колкови и сите предиспозиции за да родат природно, па завршија со царски рез и не можеле да се отворат доволно за да се породат природно. Така да, секој индивидуално, не мора да значи дека вежбањето и јаката мускулатура придонесува спортистки за да се породат со царски рез, затоа што ете имаме и примери од вежбачки што цел живот вежбаат и со тежини па пак родиле природно и девојки што не вежбале, па требало со царски. Нема правило.

Едина Муса Едина Муса Едина Муса Едина Муса Едина Муса Едина Муса Едина Муса Едина Муса Едина Муса Едина Муса

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24797 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.