Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сестри во сино: Тифани Трамп со сестра си Иванка на забавата за претстојното раѓање на првото дете

Сестри во сино: Тифани Трамп со сестра си Иванка на забавата за претстојното раѓање на првото дете

Тифани Трамп наскоро ќе стане мајка.

По повод претстојното раѓање на нејзиното бебенце, ќерката на претседателот на САД, Доналд Трамп, славеше со најблиските пријатели и семејството. 31-годишната трудница позираше со гостите на забавата организирана од нејзината полусестра Иванка.

Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп

Двете сестри беа облечени во сино. Тифани носеше креација од модната куќа Ema Savahl. Таа откри дека е во 35-тата недела од бременоста и дека со милијардерот Мајкл Булос очекуваат момче.

Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп

„Колку специјален ден на кој го славиме нашиот иден син. Преостанува уште еден месец. Ѝ благодарам на мојата поголема сестра Иванка што ја испланира најубавата забава за бебето. Те сакаме“ – напиша Тифани на албумот со фотографии.

„Многу се забавував додека ја планирав забавата за бебето на мојата мила сестра Тифани. Ја опсипавме со љубов и си поминавме преубаво славејќи ги неа и нејзиното идно бебе... Тиф, ќе бидеш најпрекрасната мама. Твоето синче веќе е многу сакано и среќно што те има. Те сакам“ – напиша Иванка.

И мајката на Тифани, поранешната актерка Марла Мејплс и втора сопруга на Доналд, беше присутна на забавата.

Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп Тифани Трамп

Тифани и Мајкл стапија во брак во ноември на бајковита свадбена прослава во Мар-а-Лаго, приватниот ресорт на Доналд Трамп во Флорида.

Тифани Трамп Тифани Трамп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24870 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.