Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џорџ Клуни и Елизабета Каналис се разделија

Џорџ Клуни и Елизабета Каналис се разделија

Двегодишната романса на холивудскиот срцекршач Џорџ Клуни и италијанската актерка Елизабета Каналис заврши.

„Повеќе не сме заедно. Многу е тешко и многу лично, па се надеваме дека сите ќе ја почитуваат нашата приватност“ – соопштија Клуни и Каналис преку заедничко соопштение за јавноста.

Каналис и КлуниЕлизабета Каналис и Џорџ Клуни

Клуни, кој минатиот месец наполни 50 години, и 32-годишната Италијанка последнен пат беа забележани од папараците минатата недела во ресторан во Италија.

Медиумите веќе шпекулираат за причините за разделбата. Како можна причина се наведуваат различните гледишта на Клуни и Каналис во однос на бракот.

Пред неколку месеци Џорџ Клуни кристално јасно изјави дека не сака никогаш повеќе да се жени. Од друга страна, Каналис призна дека еден ден би сакала да се омажи.

„Јас цврсто верувам во бракот, во иднина ќе се омажам, но засега сум среќна вака како што е. Многу сум среќна во моментов, благодарение на мојот маж и бајката која продолжува. Ние сме пар на кој никогаш не му е досадно“ – изјавила Каналис за италијанското списание Chi.

Клуни си останува на листата на најпосакувани слободни ергени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.