Почетна » Новости » Животни стории » Се породи првата жена во Велика Британија на која ѝ беше трансплантирана матка донирана од сестра ѝ

Се породи првата жена во Велика Британија на која ѝ беше трансплантирана матка донирана од сестра ѝ

Приказна за медицинско чудо и голема сестринска љубов освојува срца ширум светот.

Жена од Шкотска го роди своето прво дете откако ѝ беше трансплантирана матка донирана од нејзината сестра и стана првата личност во Велика Британија која го има направено тоа.

Имено, Грејс и Ангус Дејвидсон ја добија ќеркичката Ејми во февруари, а убавата вест сега одекна насекаде.

Семејство Дејвидсон Семејство Дејвидсон

Грејс отсекогаш сонувала да стане мајка, но тоа било невозможно бидејќи била родена без развиена матка поради ретка состојба (Mayer-Rokitansky-Küster-Hauser синдром). 36-годишната мајка е пресреќна што го доби своето „чудо“ и благодарна на својата сестра што одлучи несебично да го донира својот репродуктивен орган.

Семејство Дејвидсон

„Отсекогаш имав мајчински инстинкт. Години наназад ја потиснував желбата за мајчинство, бидејќи болеше премногу“ – открила Грејс.

За среќа, нејзината сестра Ејми Пурди во 2023 година одлучила да ѝ го подари најголемиот подарок – својата матка.

„Нашето семејство беше комплетно, па сакав и нејзиното да биде“ – изјавила Ејми, која е мајка на две деца. „Беше неверојатно, апсолутна радост. Вредеше секој момент“ – дополнила среќната тетка.

Бебенцето го добило своето име токму по сестрата на Грејс – Ејми. Девојчето го носи и средното име Изабел, во чест на докторката Изабел Кијрога, која ја предводела операцијата на трансплантација со времетраење од девет часа.

Семејство Дејвидсон Семејство Дејвидсон Семејство Дејвидсон Семејство Дејвидсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24797 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.